ДИК демантира дека кратела од теренците за да си дели бонуси

ДИК демантира дека кратела од теренците за да си дели бонуси

ДИК најостро ги демантира дезинформациите пласирани во јавноста дека „кратела од теренците за себеси да си даде бонус“.

„Државната изборна комисија со цел да ја зголеми одговорноста за точноста при внесот на податоците од страна на општинските изборни комисии, за овие избори одлучи наместо внесот на податоци да се врши исклучиво од лица од Државниот завод за статистика, општинските изборни комисии да определат лица кои беа обучени од страна на ДИК за внес на податоци. Од тие причини е намален бројот на ангажираните лица од ДСЗ за внес на податоци на само едно лице по општинска изборна комисија. Наведените лица се ангажирани само на изборниот ден по 19 часот, односно по пристигнувањето на податоците од гласањето“, се вели во соопштението.

Државната изборна комисија тврди дека за сите ангажирани лица од ДСЗ обезбедила авансни средства за транспорт и други трошоци, а на повеќе од 15 лица им било платено и спиење.

„Покрај платените патни и други трошоци, секое ангажирано лице од ДЗС доби надоместок од 2.000 денари за ангажман не повеќе од 8 часа, идентичен надоместок како и претходните избори“, велат од ДИК.