Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за законот за јазиците

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за законот за јазиците

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на првата пратеничка група од собраниската говорница, Илија Димовски, најави дека опозицијата ќе поднесе голем број амандмани, со кои, според неа, ќе се подобри прелог-законот за употреба на јазиците. Во ваква форма за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ законот е неприфатлив и неуставен.

„Не посветуваме внимание на суштински прашања. Премногу зборови употребивме сите, 120 пратеници во салата на нефокусирана дебата која не нè однесе никаде. Ние ќе поднесеме амандмани преку кои ќе ги тргнеме одредбите што се надвoр од Уставот на предлог-законот. Ќе предложиме решение преку кое ќе го тргнеме дискриминаторскиот елемент кон српската, ромската и бошњачката заедница, а не само кон албанската. Исто така, ќе бараме да нема надлежност да контролира дали се употребува албанскиот, туку и македонскиот јазик. Треба да бидеме подготвени да ги решаваме проблемите. Дури ни пратениците од ДУИ не се сигурни дека ова е комплетно решение“, рече Димовски.

Инаку, амандманската расправа за прелог-законот ќе следува по завршувањето на расправата по првото читање до крајот на неделата.