Димовски и Милошоски не добиле покана за седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Димовски и Милошоски не добиле покана за седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои јавно го критикуваа процесот за избор на нов партиски лидер не се повикани на седницата на Централниот комитет на партијата. Како што потврди за „Макфакс“ Илија Димовски, тие воопшто не добиле покана за вечерашната седница на ЦК, на која треба да се избере нов Извршен комитет.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неколку наврати порача дека неговото мото е обединување и дека вратата останува отворена за секој добронамерен граѓанин и сопартиец, како и дека има одлична комуникација со некои од потписниците на отвореното писмо.

Пред одржувањето на Конгресот за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и триесетина други поранешни и актуелни партиски функционери се потпишаа на отвореното писмо со кое обвинија за недемократска и нетранспарентна атмосфера за избор на нов лидер, со фаворизирање на само еден кандидат и побараа одлагање на Конгресот за февруари, но иницијативата беше одбиена.