Донација од 12 уреди за прочистување на воздухот за градинката „13 Ноември“

Донација од 12 уреди за прочистување на воздухот за градинката „13 Ноември“

Советниците на Општина Центар – Скопје денеска ја прифатија донацијата од 12 уреди за прочистување на воздухот, кои се наменети за Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“ – Скопје.

Поради големата загаденост на воздухот и можноста за подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат децата во текот на нивниот престој во градинка, „Ротари клубот – Скопје – Камен мост“ ќе донира 12 прочистувачи на воздухот за потребите на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“ – Скопје, со кои значително би се подобрил квалитетот на воздухот и би се намалил ризикот за заболување на дишните патишта на децата.