Државен натпревар за хорови и оркестри во Кавадарци

Државен натпревар за хорови и оркестри во Кавадарци

Државниот натпревар за детски и младински хорови и оркестри денеска почна во Кавадарци.Натпреварот има за цел да се презентира квалитетот на хорското пеење и музицирање на оркестрите во основните и средните училишта.

 

„Државните натпревари на хорови и оркестри и вокално­инструментални солисти се натпреварувачки за сите основни и средни училишта кои победија на регионалните натпревари“, рече Драган Вељковиќ, професор по музичко образование во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и еден од организаторите.

 

Вељковиќ додаде дека денеска се натпреваруваат хоровите на основните училишта, а утре хоровите и оркестрите од основните и средните училишта. В недела се натпреваруваат вокално­инструментални состави и талентирани ученици.

 

Овие натпревари ги организира Здружението на музички педагози на Република

Годинава селекцијата е на повисоко ниво и затоа има ограничен број учесници.

Крај мф-ем