ДУИ го повика МВР да вклучи меѓународни експерти за „Диво Насеље“

ДУИ го повика МВР да вклучи меѓународни експерти за „Диво Насеље“

Демократската унија за интеграција бара да се вклучат меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејасности за случајот во Куманово по пресудата за случајот „Диво Насеље“.

– Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми за организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Некои од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот – велат од ДУИ.

Од владејачката ДУИ ги повикуваат и Министерството за внатрешни работи и органите на владеењето на правото да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија, со цел размена на информации кон целосно расветлување на случајот.