Евровизиското промо откри: Јана Бурческа ќе стане мајка (ФОТО)

Евровизиското промо откри: Јана Бурческа ќе стане мајка (ФОТО)

Јана Бурческа настапи трета на евровизиската сцена и ја ипресионираше цела публика, притоа, на социјалните мрежи постојатно  се пишува за настапот на нашата претставничка. Иако цело време се говореше дека Бурческа сама ќе се појави на сцената, сепак, не беше така.

Тоа што остави впечаток пред Бурческа да се појави на сцената се неколкуте кадри од промо видеото, кое всушност треба да ги запознае гледачите со секој од претставниците. Наместо убавините на Македонија и друштвото на Јана, можевме да ја видиме нашата претставничка на ултразвук, а потоа и како купува бебешка облека, што укажува на фактот дека таа е бремена.

Останува да видиме дали Македонија ќе се пласира во финалето. Бурческа непосредно пред настапот, за Макфакс изјави дека останува неизвесноста, а очекувањата се големи./крај/мф/кл