Евролига: Олимпијакос и Фенер ќе се борат за титулата

Евролига: Олимпијакос и Фенер ќе се борат за титулата

Олимпијакос и Фенербахче ќе играат во финалето на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Олимпијакос во првиото полуфинале славеше над ЦСКА 82:78, додека во второто Фенербахче го победи Реал 84:75.

Олимпијакос го детронизира европскиот првак, во дрматичниот финиш на првото полуфинале, откако успеа да се врати по негатива од 13 поени која ја имаше во втората четвртина (27:40).

Грчкиот шампион само ја продолжи традицијата да победува против ЦСКА на завршните турнири и тоа во драматични натпревари.

Тимската игра и одбраната беа клучни за триумфот во кој според ефикасноста предничеа Спанулис и Папаниколау со по 14 поени, односно Манцарис кој постигна 12 кошеви.

Кај ЦСКА најефикасен беше Теодосиќ со 23, додека Де Коло постигна 16 поени.

Второто полуфинале помеѓу Фенербахче и Реал не донесе никаква неизвеснот, бидејќи играчите на турскиот шампион од почетокот до крајот имаше контрола врз се она што се случуваше на теренот.

Фенербахче во еден момент водеше и со 16 поени, а Реал во мечот го држеше Керол кој не дозволи противникот прерано да започне да ја слави победата.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ целиот натпревар го преседе на клупата.

Фенер до победата го предводеше центарот Екпе Удох кој играше брилијантно и оствари индекс на успешност 35. Тој забележа 18 поени, 11 скокови и осум асистенции. Удох го следеа Богдановиќ со 14 поени, Калинќ со 12 поени и по шест скока и аситенции.

Најдобри играчи на Реал беа Серхио Љуљ со 28 поени и осум асистенции и Џеј Си Керол со 21 поен (5/7 за три).

Финалниот натпревар ќе се одигра в недела со почеток во 21 часот. крај/мф/нц