Европратеникот Вајгал денеска ги продолжува средбите со партииите

Европратеникот Вајгал денеска ги продолжува средбите со партииите

Европратеникот Иво Вајгл денеска ќе ги продолжи разговорите со претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание за реализација на проектот „Жан Моне“ на Европскиот парламент.

Вајгл претпладнево во македонскиот парламент ќе се сретне со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Томислав Тунтев, и на ДУИ, Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од „Алијансата за Албанците“. Европратеникот вчера имаше средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, потоа со кооридинаторот на Беса, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати на ДПА.

Како што рече Вајгл во кратката изјава за медиумите, целта на средбата е проектот „Жан Моне“ на Европскиот парламент и почнување на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот парламент.

Инаку, европратеникот Иво Вајгл се сретна и со претставници на проектот „Поддршка на Собранието во спроведувањето на реформите“ на Програмата на ЕУ за реформи во Македонија.