Еквадор бара слободен премин за Асанж

Еквадор бара слободен премин за Асанж

Владата на Еквадор побара од Велика Британија да му овозможи на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж безбеден премин за да добие азил во Јужна Америка.

 

Претходно денеска, од британската полиција соопштија дека Асанж ќе биде уапсен кога ќе излезе од амбасадата на Еквадор во Лондон, без оглед на одлуката на канцеларијата на шведскиот обвинител за запирање на предистражната постапка против него за наводно силување во Шведска, јави Ројтерс. Крај/мф