„Екогерила“: Најмалку две години се потребни за да се постават филтри на „Југохром“

„Екогерила“: Најмалку две години се потребни за да се постават филтри на „Југохром“

Здружението „Екогерила“ ја смета изјавата на премиерот Зоран Заев дека „Југохром“ ќе започне со работа со полн капацитет со поставување филтри во март како предизборна пропаганда.

„Тетово беше најзагадениот град во Европа. Со затворањето на ‘Југохром’ убедливо се докажа дека градот Тетово и неговата околина се 60 отсто помалку загадени. Политичката класа што го толерира масовното труење на Тетово со години мора да ја носи најголемата одговорност во историјата“, реагираат од „Екогерила“.

„Како што е запознаен и самиот премиер, за да работи со полн капацитет еден толку голем индустриски капацитет, поставувањето на филтрите бара минимум две години. Изјавите дека со работа може да се започне во март ги сметаме несериозни. Секоја козметичка импровизација ќе биде неприфатлива. Силно повикуваме на строга инспекција со исполнувањето на сите еколошки стандарди со нулта толеранција за нивно непочитување. Инаку, одговорот на граѓаните ќе биде суров. Назад не постои, здравјето на граѓаните, пред сè’“, соопштува „Екогерила“.