Џипот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски удри моторџија

Џипот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски удри моторџија

Џипот на ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, удри моторџија на булеварот 8 Септември во скопски Карпош. МВР го истражува случајот и најави детали кога ќе утврди за што се работи.

Возилото на поранешниот градоначалник, според очевидци, сè уште е на коловозната лента на местото на несреќата.

Јакимовски не сакаше да зборува за несреќата.

„Ваш проблем, пишете што сакате. Сите ли што стојат овде направиле сообраќајка“, кусо изјави Јакимовски за „Макфакс“ .

Очевидци јавија дека тој, заедно со уште неколку луѓе, стои на тротоарот во близина на автомобилот.

Јакимовски на својата официјална страница на „Фејсбук“ напиша дека не е точна информацијата оти имал сообраќајна незгода.