Експлозија во зграда во Скопје

Експлозија во зграда во Скопје

Силна експлозија ги вознемири вчера станарите во зграда во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 18.30 часот, во зграда на улицата Анастас Митрев, во првиот влез, се слушнала силна експлозија, а потоа избувнал пожар на 12 електрични броила и на таблата со осигурувачи.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.