Експресна железничка линија меѓу Гевгелија и Солун само за викендите

Експресна железничка линија меѓу Гевгелија и Солун само за викендите

Од МВР информираат дека почнувајќи од вчера (13-ти јануари) на неопределено време и само за викендите, ќе биде воспоставен патничкиот железнички сообраќај меѓу Република Македонија и Република Грција, кој досега беше во прекин.

Во текот на работните денови, пак, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега со автобуски превоз.