Ердоган: Ако даде Бог, со Русија заедно ќе произведуваме „Ц-400“

Ердоган: Ако даде Бог, со Русија заедно ќе произведуваме „Ц-400“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема никакви проблеми за купувањето руски ракетни системи земја-воздух „Ц-400“ и дека со Русија се разговарало и за системот „Ц-500“, објавија турските медиуми. Ердоган тоа го изјавил по враќањето од Украина и Србија.

Весникот „Хабертурк“ наведе дека турскиот претседател рекол оти нема да има заедничко производство во првата фаза од набавката на „Ц-400“, но дека во втората фаза би можело тоа да се промени.

„Ако даде Бог, ќе преземеме чекори во заедничко производство“, изјавил Ердоган.

Турскиот министер за надворешни работи пред неколку дена изјави дека Анкара би можела да се откаже од купувањето „Ц-400“ доколку не биде постигнат договор за заедничко производство. Тој рекол дека Турција не е информирана за официјално одбивање на руската страна за заедничко производство на овој систем за противвоздушна одбрана, пренесе ТАС.