Ердоган најави голема модернизација на армијата

Ердоган најави голема модернизација на армијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот изјави дека ќе стори што е потребно за да ја одржи земјата жива.

„Ќе го сториме тоа со вооружени дронови, тенкови и топови“, изјавил Ердоган, цитиран од „Хуриет“.

Во соопштението исто така се наведува дека турските вооружени сили ќе бидат опремени со сето потребно оружје.

Претходно, Анкара најави дека ќе купи систем за воздушна одбрана „С-400“ од Русија.