ЕУ отвора уште две поглавја во преговорите со Србија

ЕУ отвора уште две поглавја во преговорите со Србија

Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ донеле одлука на меѓувладината конференција со Србија да ги отворат поглавјето 6, кое се однесува на правата на претпријатијата, и поглавјето 30 за економските односи со странство.

Конференцијата е закажана за 11 декември, а официјален Белград се надеваше дека ќе отвори три поглавја, но одлуката на земјите-членки зависеше од извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија во најважните поглавја, 23 и 24. Европската комисија оценила дека постои недоволен напредок во имплементацијата на Акциониот план за поглавјата 23 и 24, поради што земјите-членки оцениле дека Србија не може да отвори повеќе од две поглавја во оваа рунда преговори.

Србија официјално ги почна преговорите за влез во ЕУ во јануари 2014 година.