ЕУ усвои нови стрикни еколошки норми

ЕУ усвои нови стрикни еколошки норми

 

Специјалниот комитет со претставници на 28-те земји членки гласаа со квалификувано мнозинство за амандманите кои се ставени во т.н.. Референтен документ, за најдобри достапни техники при големие горивни инсталации, пренесува БНР.

 

Бугарија заедно со уште 7 земји гласаа против новите стандарди, но тие се одобрени со мнозинство од 20 гласа, информираат медиумите. Според новоусвоените правила, дозволените прагови на загадување на воздухот од големи горивни инсталации во индустриските погони треба да се уште пониски. Станува збор за емисиите на сулфур диоксид, азотен оксид, жива и честички.

 

Построгите регулативи се донесени со цел заштита на човековото здравје. Годишно од загадениот воздух починуваат 400 илјади луѓе во Европа, истакна портпаролот на ЕК за животна средина Енрико Бривио. Праговите се дефинирани во консултација со сите засегнати страни.Над 290 експерти беа консултирани по ова прашање од 2011 година досега. Процесот е транспарентен и ги вклучува сите земји-членки, индустријата и невладиниот сектор, посочи Бривио.крај/мф/кс