Епл заинтересиран да го преземе Дизни

Епл заинтересиран да го преземе Дизни

ИТ гигантот, според неофицијалните информации, би презел една од најголемите медиумски компании за забава.

Како што се шпекулира, „Ејпл“ би требало да понуди околу 200 милијарди американски долари за преземањето на „Дизни“. Со евентуалното преземање, би се создала најголемата компанија на светот од тој тип.
Таа нова компанија би вредела преку една ијлада милијарди долари, со неограничени можности во сферата на технологијата и индустријата на забава.
Берзанските аналитичари оценуваат дека спојот на „Ејпл“ и „Дизни“ би бил главен конкурент на „Нетфликс“, бидејќи во бизнис-портфолиото на „Дизни“ се и „Star Wars„, „Mouse House“ и други…
Меѓу предностите на замислената заедничка компанија се и напредните технологии на „Ејпл“ и забавните паркови на „Дизни“, ESPN, BAM tech…
Шефот на „Ејпл“, Тим Кок, неодамна изјави дека неговата компанија е отворена за аквизиција од било која големина. крај/мф