Ејуп Аљими од ДУИ: Платформата и албанскиот јазик не се на дневен ред

Ејуп Аљими од ДУИ: Платформата и албанскиот јазик не се на дневен ред

 

„Платформата и албанскиот јазик не се на дневен ред, сега дискутираме по третата точка избор на членови на комисијата за избори и менувања„, во процедурална забелешка рече пратеникот на ДУИ Ејуп Алими.

 

И тој како и пратениците од СДСМ, побара од претседавачот Трајко Вељановски да им го одзема зборот на пратениците кои ќе зборуваат надвор од темата.

 

„Кога ќе дојде на дневен ред платформата тогаш ќе зборуваме за неа.Сега на дневен ред е третата точка ако сте заборавиле ќе ви ја прочитам. На сите треба да им биде јасно дека платформата е само изговор за празната дебата и блокирањето на институциите.

Се надевам дека ќе надвладее разумот и совеста кај колегите од ВМРО-ДПМНЕ и ќе прекинат со опструкциите„ рече Аљими.

 

Претседавачот Трајко Вељановски, по ова се обрати до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и побара да се држат до точката по која се расправаа, да немало процедурални забелешки и да не се кочела седницата.

 

„Колеги човекот беше јасен.Не сака да зборувате ниту за Тирана, ниту за Албанија .Ќе си зборите за тоа што треба, рече Вељановски.

 

Инаку, дискусијата во собраниската сала продолжи во слична атмосфера, со таа разлика што сега зборот го презеде пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. крај/мф/гд