Жапчето Кермит ќе добие нов глас

Жапчето Кермит ќе добие нов глас

Жапчето Кермит од „Мапет шоу“ ќе добие нов глас откако актерот Стив Витмаер донесе одлука да ја напушти серијата, пренесоа денеска американските медиуми.

Витмаер го позајмуваше гласот на Кермит откако творецот на „Мапетовците“ почина во 1990 година, а засега не е позната причината зошто решил да ја напушти серијата.

„Мапет студио“ соопшти дека повеќегодишниот соработник на оваа компанија, Мет Вогел, ќе ја преземе улогата.

Витмаер го позајми гласот и на неколку други ликови во „Мапет шоу“, како што е мрзеливиот критичар Статлер. /макфакс/