Жена загина при пожар во стан во Охрид

Жена загина при пожар во стан во Охрид

Утрово околу 7.15 часот во стан на улицата Туристичка во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини избувнал пожар.

Како што информираат од МВР, во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итната медицинска помош, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.