Жена пилот во последен момент спречила судар меѓу два патнички авиона во Индија

Жена пилот во последен момент спречила судар меѓу два патнички авиона во Индија

Тешка авионска несреќа меѓу два авиона над Мумбај во Индија била избегната благодарение на брзата и храбра реакција на жена пилот која со своите врвни маневри успеала да ги спаси животите на патниците.

Анупама Коли, жена пилот во авиокомпанијата „Ер Индија“, управувала со авион марка „ербас А319“ на лет од Мумбај кон Бопал. За време на летот пилотката на авионот што превезувал 109 патници забележала дека друг авион опасно се приближил до нејзиното летало. Имено, авионот „ербас А320нео“ на авиокомпанијата „Вистара“, кој летал од Делхи до Пунеа и во кој имало 152 патници, во еден момент се искачил на само 30 метри од траекторијата на авионот на „Ер Индија“.

За неколку секунди можело да дојде до опасен контакт меѓу двата воздухоплова, но во авионот на „Ер Индија“ се огласил системот за избегнување судари, по што Коли брзо реагирала и го подигнала леталото на сигурно. Благодарение на нејзината брза реакција спасени боле животите на 261 патник, пишуваат индиските медиуми.

Подоцна било констатирано дека имало грешки во комуникацијата меѓу пилотот на „Вистара“ и контролата на летање на копното. Имено, локалната контрола на летањето дала инструкции авионот на „Вистара“ да дојде на само 30 метри од траекторијата на авионот на „Ер Индија“, а по оваа команда пилотот на авионот заминал во тоалет и поради тоа немал увид во опасноста на ситуацијата.

Во пилотската кабина останал копилотот, а за да се задоволат правилата на меѓународното воздухопловство,  кои налагаат присуство на двајца членови на екипажот во секој момент, во кабината влегла и стјуардеса. Инаку, овој инцидент на индиското небо се случил на 7 февруари.