Жена ранета на свадба во Мала Речица

Жена ранета на свадба во Мала Речица

Жена била ранета во четврток попладне на свадбена веселба во тетовска Мала Речица, соопшти полицијата.

Според истиот извор, во Клиничката болница во Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.О. (38) од Мала Речица, Тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје.

По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во Мала Речица, во дворот на куќата на М.Н.(44). Тој со пиштол марка „Зиг Зауер 229“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил М.О. во нозете нанесувајќи ѝ влезно-излезни рани.

Од страна на СВР Тетово е излезено на местото на настанот. Направени се фотографии, М.О. е лишен од слобода и приведен во ПС Тетово. Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка.

По консултација со јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. /крај/мф