Жител на Бања Лука го продава станот исклучиво на радикални исламисти, соседите во паника

Жител на Бања Лука го продава станот исклучиво на радикални исламисти, соседите во паника

Несекојдневен оглас за продавање стан, кој, најверојатно, е мотивиран од лошите меѓусоседски односи, ги вознемири станарите во населбата Обилиќево во Бања Лука бидејќи нивниот сосед има намера станот да им го продаде исклучиво на вахабити и на членови на ДАЕШ.

„Продавам стан во населбата Обилиќево, на улица Бановиќ Страхиња, недалеку од стадионот на ФК „Напредак“. Станот исклучиво им го продавам на радикални исламисти или вахабити, кои на кој било начин може да потврдат дека се членови на вакви организации. Како доказ може да послужи дека се бореле во Сирија и во Ирак на страната на Исламската држава. Дискрецијата од моја страна е гарантирана, така што во доказите нема да имаат увид трети лица. Услов при купувањето на станот е купецот да биде со потемен тен, да има подолга брада, да носи кратки панталони и редовно да оди во џамија“, се наведува во огласот објавен на интернет-страница наменета за огласување.

Непознатиот продавач, кој не оставил никаков контакт и може да му се прати порака само преку платформата на порталот, објаснува дека на овој потег се решил поради односот на соседите кон него.