Забрана за движење на камиони и кај Ѓавато

Забрана за движење на камиони и кај Ѓавато

Забрана за движење на тешки товарни возила воведена е и на патниот правец Битола – Ресен кај Ѓавато, информира АМСМ.

Претходно, поради снежните врнежи беше воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Исто така, забрана за товарни и патнички возила има и кон Пресека, Буково и „Ќафасан“.