Забрана за работа за агенцијата „Венера“ од Битола

Забрана за работа за агенцијата „Венера“ од Битола

Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана за работа на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство „Венера’’ од Битола.

Забраната е во траење од триесет дена, а инспекторатот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5 и на 14 јули по објавените информации дека група студенти биле измамени за работа во Германија од страна на оваа агенција.