Заврши фестивалот на скарата и пивото „Пиво фест“

Заврши фестивалот на скарата и пивото „Пиво фест“

Синоќа заврши петнаесеттото јубилејно издание на Пиво фест во Прилеп, кој помина во знакот на вкусната скара, ладното пиво, како и добрата забава. Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации. Четвртата вечер кулминираше со настапот на Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар, како и балканската ѕвезда Северина.

„Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на Пиво фест. Тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.

Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ,  организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес сè да биде в ред и за јубилејниот 15. фестивал на пивото и скарата.