Заев: Двајца членови на Владата под истрага

Заев: Двајца членови на Владата под истрага

Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, обелодени денеска премиерот Зоран Заев, кој учествува на дводневниот самит „Македонија 2025“. Истрагата за две лица од Владата е поведена врз основа на пријави од граѓани.

„Работат само два месеца и веќе се под истрага. Повеќе детали не можам да кажам“, рече Заев.

Премиерот вели дека е многу важно справувањето со корупцијата како во регионот така и во Македонија во контекст на привлекување на инвестициите.

„Мој приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сè, корупцијата. Законот мора да важи еднакво за сите бидејќи само така може да се овозможат нови инвестиции“, рече Заев на панел-дискусијата на тема ’Што научивме и како да го применуваме доаѓањето на инвестициите’ на самитот „Македонија 2025“.