МАКФАКС

Заев до Груевски: Амнестија нема да има

Заев до Груевски: Амнестија нема да има
12.04.2017, 18:41

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, порачал дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски поттикнува провокации и наметнува непостоечки теми, но ставот на СДСМ е јасен – дека договор за амнестија нема да има.

Тој исто така негирал дека е подготвен за нови преговори, порачувајќи дека „никакви седнувања на заедничка маса од типот на Пржино 3, 4 и слично не се во интерес на потребниот развој на државата“.

„Констатирано е дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија.Парламентарното мнозинство од 67 пратеници ќе го избере новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада, според Деловникот, Уставот и законите во Македонија. Должност на сите е да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните изразена на кредибилните избори на 11 декември и тоа наскоро ќе се реализира“, рекол Заев пред Тимоние. Според него постои програма на новата реформска влада на унитарна Македонија, која е единствениот валиден документ за граѓаните и која гарантира просперитет за сите луѓе во Македонија и за државата.

„Таа Програма ќе ја спроведе новата Влада. Груевски се обидува да се наметне како фактор, преку тоа што наметнува непостоечки теми, поттикнува провокации, но ние сме јасни, договор за амнестија нема. ВМРО-ДПМНЕ мора да прифати дека е опозиција. Следува формирање на новата реформска Влада, воспоставување на правната држава и на независните институции, порачал Заев пред Тимоние. крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *