Жерновски се повлекува од трката за градоначалник, СДСМ ќе предложи свој кандидат

Жерновски се повлекува од трката за градоначалник, СДСМ ќе предложи свој кандидат

СДСМ ќе си предложи свој кандидат за градоначалник на општина Центар, најави синоќа премиерот Зоран Заев во емисијата 24 Отворено.

Тој објасни дека Андреј Жерновски ќе ја повлечел кандидатурата за градоначалник на Центар, а за возврат ќе станел дел од извршната власт.

Жерновски во повеќе наврати најавуваше дека доколку не биде кандидиран од СДСМ, на изборите ќе настапи сам со своја советничка листа.