Заев на традиционално закројување на лозјата во тиквешкиот крај

Заев на традиционално закројување на лозјата во тиквешкиот крај

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и советничката за земјоделски политики, Ленче Николовска, ќе присуствува на манифестациите што се одржуваат во Кавадарци и Неготино по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите.

Во рамките на посетата на овој регион претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе се сретне и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и со градоначалникот на Неготино, Тони Делков. Премиерот Заев ќе разговара со граѓаните и земјоделците од овој крај, а ќе посети и неколку винарници.

Лозарите денеска го празнуваат Свети Трифун – Денот на лозарите, кој се смета за нивен заштитник. Лозарите на овој ден ги потскратуваат младите лозови гранчиња и веруваат дека свети Трифун ќе ги штити од разни болести.