(ВИДЕО) Заев на Три Круши за Денот на независноста, СДСМ ја почна изборната кампања

(ВИДЕО) Заев на Три Круши за Денот на независноста, СДСМ ја почна изборната кампања

Исто како што на 8-ми септември 1991 граѓаните избраа слобода и сувереност и ние сплотени во различностите се изборивме за слобода, порача премиерот Зоран Заев од местото Три круши, каде денеска во организација на СДСМ се одбележа Денот на независноста. Во говорот пред присутните Заев ги потенцираше заложбите за влез на Македонија во НАТО и Европската унија, а потсети и на владините мерки кои ги спровеле во првите 100 дена власт.

-Чекорот кон слободата и кон шансите заедно го направивме. Исто како што на 8 септември пред 26 години граѓаните масовно, самостојно излегоа на референдумот и избраа независна Република Македонија, и ние во големо мнозинство, сплотени во различностите, со силна верба во вистината и правдата, избравме слобода, рече Заев.

– Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и НАТО. Реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од ЕК. Реални се шансите Македонија да стане 30.земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство, додаде Заев.

На манифестацијата говори одржаа и Петре Шилегов кандидатот за градоначалник на Град Скопје и Филип Темелковски кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, со што симболично како што рекоа ја почнаа предизборната кампања за локалните избори.