Заев: Ова не се обични избори

Заев: Ова не се обични избори

„Од Америка доаѓам во Демир Хисар и ќе ви порачам: Македонија ја вративме повторно на шини, Македонија оди напред! Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град“.  Ова го порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на првото обраќање во Демир Хисар, од каде што централниот карван на СДСМ ја почна кампањата за локалните избори.

„Покажавме дека граѓаните се нашата движечка енергија. Покажавме дека Владата може да биде услужна и достапна за граѓаните. Парите ги враќаме кај вас граѓаните. Да продолжиме да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените“, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги објасни четирите столба на кои се потпира програмата на СДСМ за општините – градење по план, чиста вода и чист воздух, повеќе пари кај граѓаните, услужна и отворена општина за сите.

„Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и Совет во општините. Ова се избори на кои одлучуваме како ќе продолжиме. Граѓаните веќе избраа слобода, Македонија веќе живее нова ера на слобода од режимот на Никола Груевски. Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 19 за живот во општина Демир Хисар за сите,“ порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на првиот митинг од кампањата за локалните избори во Демир Хисар.