Заев: Ќе им го решиме проблемот на граѓаните исклучени од централното парно греење

Заев: Ќе им го решиме проблемот на граѓаните исклучени од централното парно греење

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Ружица Попева-Наумова, членка на Управниот одбор на здружението за заштита на граѓански права „Но пасаран“ и со други членови на здружението.

Претставниците на здружението „Но пасаран“ го информираа премиерот Заев за проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со постојаните притисоци од извршители, блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење.

„На средбата премиерот Заев соопшти дека Владата веќе бара начин за решавање на овој горлив проблем за граѓаните во согласност со законските прописи и дека што побргу ќе предложи начин како ќе се отстрани оваа неправда. Премиерот Заев ги потврди цврстите заложби на Владата да работи во служба на граѓаните и во тој правец ќе се носат решенија кои ќе превенираат вакви проблеми да се случуваат во иднина“, соопшти владината прес-служба.