Запленети 2 тона марихуана од Албанија во Грција

Запленети 2 тона марихуана од Албанија во Грција

Два тона марихуана од Албанија е запленета на јахта со италијанско знаме во Егејското море, соопшти грчката полиција. Грчката крајбрежна стража соопштила дека марихуаната е запленета рано утрото подојава, јужно од грчкиот остров Китер, на влезот во Егејското море, пренесува АП. Ова е досега најголема запленета количина на марихуана во Грција, според информациите од грчката полиција, што ги пренесува американската агенција.

Во соопштението на грчката полиција се вели дека јахтата испловила од едно италијанско пристаниште и ја презела марихуаната од Албанија, која е голем произведувач на илегална марихуана.

Јахтата имала двајца членови на екипаж – Италијанец и Албанец, кои се уапсени.