Затруени 15 луѓе во зградата на ЕУ во Брисел

Затруени 15 луѓе во зградата на ЕУ во Брисел

Петнаесет луѓе се затруле денеска од испарување хемиски супстанции во зградата на Европската Унија во Брисел каде што се одржуваат официјаллни состаноци.

Според информациите, петмина се пренесени во болница, а зградата е привремено евакуирана, а оние што биле присутни се повикани да бидат префрлени во соседната зграда.

„Се случила лоша мешавина од хемиски производи од кујната и тоа предизвикало испарување од кое се затруле петнаесет луѓе“ изјавил портпаролот на бриселските пожарникари, Пјер Мејс.

Многубројни возила на брзата помош се испратени до зградата во согласност со планот на итната медицинска ситуација, која властите ја прогласуваат кога се погодени над десет луѓе.