Затруени 23 работници во фабрика во Штип

Од фабрика во Штип попладнево 23 работници биле пренесени во болницата во градот кога кај нив се појавиле знаци на труење. По укажаната помош, биле испратени на домашно лекување, само еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. Веднаш по труењето, на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната што се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мостри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата – изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова, за „А1он“.

Од ДСЗИ велат дека нема да коментираат која е причината за труењето сè додека не се завршат сите испитувања.