Затуроска: Имајќи ја предвид неисплатливоста на набавката на струја, Анѓушев го раскина договорот со МЕПСО

Затуроска: Имајќи ја предвид неисплатливоста на набавката на струја, Анѓушев го раскина договорот со МЕПСО

За Анѓушев да не претрпи загубa од 233 илјади евра, се откажува од тендерот за набавка на струја со државната МЕПСО. За толку државата сега ќе треба да плати поскапа струја, пари што ќе можеше да се вложат во проекти од интерес на граѓаните, рече на денешната прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што сака ‘тендерашот’ Анѓушев да го прикаже за голема великодушност во раскинување на тендерот, всушност е заштита на своите бизнис-интереси или лична заштеда на 233 илјади евра“, рече Затуроска.

Таа додаде дека фирмата на Анѓушев имала склучен договор за набавка на електрична енергија со МЕПСО во период кога нејзината цена изнесувала 39.65 евра за мегават час, додека сега истата изнесува 60.14 евра за мегават час.

„Анѓушев не сакајќи да го намали профитот и имајќи ја предвид неисплатливоста за набавка на струја, особено по порастот на цената на електричната енергија, го раскина договорот со МЕПСО. Анѓушев со овој свој чекор ја оштети државата за 233 илјади евра, односно тоа е сумата која ќе ја заштеди, а ќе треба државата да ја плати. Дополнително загрижува фактот што ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на електрична енергија во висина од 2 милиони евра, по висока цена, уште еден внесен бизнис кој е можно да заврши во рацете на моќниците на власта“, рече Затуроска.

Таа праша дали можеби фирмата на Анѓушев утре ќе се јави како набавувач на скапа струја за државната ЕЛЕМ за да прокнижи голема добивка на тендерот во вредност од 2 милиони евра?

„Ова е огромно лицемерие. Анѓушев заштедува, а државата плаќа. Ова е начинот на кој работи владата на СДС. На ова расипништво мора да му дојде крај. Граѓаните заслужуваат подобро“, нагласи Затуроска.