Звиздиќ: Муслиманите во БиХ не се терористичка закана за Европа

Звиздиќ: Муслиманите во БиХ не се терористичка закана за Европа

Муслиманите во Босна и Херцеговина не претставуваат терористичка закана за Европа, изјави денеска претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ. Тој вели дека таквите обвинувања биле политички мотивирани и дека може да ги одвратат инвеститорите и туристите во неговата земја.

Звиздиќ ги отфрли коментарите на некои европски лидери дека муслиманите во Босна отворено покажале поддршка за екстремистичката група Исламска држава.

Тој вели дека досега немало инцидент што може да се карактеризира како акт на тероризам и дека властите во БиХ работат да спречат какви било инциденти.