Здравко Чолиќ ќе пее на Велешка питијада

Здравко Чолиќ ќе пее на Велешка питијада

Здравко Чолиќ ќе биде главна ѕвезда на овогодинешната Велешка питијада.

Четиринаесеттото издание на манифестацијата ќе се одржи на 6., 7. и 8. октомври. Учесници се угостители-производители на пити пастрмајлии и винарии од регионот и државата.

Како и секоја година, така и оваа, манифестацијата ќе биде збогатена со културно уметничка и забавна програма, а ексклузивен гостин оваа година е Здравко Чолиќ.