Земјотрес од 2,3 степена во Скопје

Земјотрес од 2,3 степена во Скопје

Утрово, три минути по осум часот, скопјани почувствуваа земјотрес со јачина од 2,3 степена според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил седум километри источно од Скопје, на длабочина од два километра.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичниот факултет утрово во 2 часот и 26 минути регистрирала земјотрес и во Охрид со јачина од 2,1 според Рихтер. Епицентарот бил десет километри источно од Охрид.