ЗНМ: Изборот на Цветковски за директор на МРТ не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис

ЗНМ: Изборот на Цветковски за директор на МРТ не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис

Здружението на новинарите на Македонија смета дека резиборот на Марјан Цветковски за директор на Македонската радио-телевизија не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола. Изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го правеа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владината ДУИ, велат од ЗНМ.

„За жал, членот на ЗНМ, кој не го поддржа изборот на Цветковски, не успеа да ги убеди членовите на Советот новиот директор да биде искусен менаџер, кој не е поврзан со ниту една партија“.

Потсетуваме дека најмалку четворица членови на Советот, кои гласаа за Цветковски, во ова тело се избрани спротивно на законот. Член 119, став, 1 алинеја 2 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги вели дека лицата што во последните пет години биле носители на јавни функции не може да бидат избрани за членови на Програмскиот совет.
Го повикуваме Собранието да констатира неспоивост на функции и да ги разреши од Програмскиот совет на МРТ Јагнула Куновска и Косана Мазнева, поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Агим Љека, поранешен амбасадор, и Снежана Клинчарова, поранешен портпарол на Општина Бутел.

ЗНМ предупредува дека реформирте во јавниот сервис не смеат да бидат предмет на политички пазар меѓу власта и опозицијата на штета на јавниот интерес, се наведува во соопштението на ЗНМ.