„Игра на троновите“ ќе се врати дури во 2019 година

„Игра на троновите“ ќе се врати дури во 2019 година

Последната сезона од „Игра на троновите“ фановите ќе можат да ја видат дури во  2019 година, потврди и официјално „Ејч-би-о“ (ХБО) . Оваа информација се шпекулира уште од минатиот јуни и се смета за стратешки потег на мрежата, а сега и официјално беше потврдена на Твитер.

Последната осма сезона ќе има шест епизоди, кои најверојатно ќе траат од 60 до 80 минути. Објавени се режисерите и сценаристите на последната сезона: Дејвид Бениоф и Ден Вајс ќе го режираат финалето на серијата, а режисерот Дејвид Натер ќе се врати за три епизоди.

Тој режираше епизоди од петтата сезона од серијата. Мигел Сапоник ќе се врати за две епизоди, откако режира епизоди од петтата и шестата сезона. Оваа сезона ќе биде напишана од Бениоф и Вајс, како и Брајан Когман и Дејв Хил.