Идната среда одлука за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Идната среда одлука за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Идната среда судот во Солун, најверојатно, ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрaдирани во Македонија. Денешното рочиште траело речиси четири часа. Според телевизијата „Алсат М“, двајцата влегле во судница со лисици на рацете – Бошкоски облечен во тренирки, а Грујевски во сако и кошула носејќи кеса со македонски весници, кои одбраната ги приложила во судот во Солун.

По барање на обвинетите грчките адвокати на Грујевски и Бошкоски побарале од судница да се отстрани јавноста. Како сведок во солунскиот суд денеска сведочел скопскиот адвокат Петар Василев.

Грујевски и Бошковски третпат се појавуваат во судот во Солун. Тие, како што претходно објави „Макфакс“, поднеле барање за азил до грчките власти.

Претходното рочиште за лажните пасоши, со кои беа фатени во Солун, не се одржа бидејќи не беше присутен еден од другите обвинети, кои исто така биле заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај.