Избегната несреќа: Најголемиот патнички авион немоќен против ветрот

Избегната несреќа: Најголемиот патнички авион немоќен против ветрот

Најголемиот патнички авион во светот „ербас А380“ на компанијата „Емирејтс“ со 500 седишта е снимен како во текот на силно невреме се бори да слета на аеродромот во Диселдорф, Германија.

Иако слетувањето мина релативно мирно, проблемот настана кога тркалата на авионот го допреа асфалтот на пистата.

Пилотот авионот го приземји под агол, а кога се обиде да го постави во линија со пистата, ветрот почна да го занесува во страна.

Неколку моменти авионот се движеше од едната во другата страна на пистата, додека пилотот на крајот не успеа да го стави под контрола.

Во последните неколку дена северот на Германија е зафатен од силно невреме каде што беснее ураганот Ксавиер, во кој досега загинаа седум лица.