Поранешниот директор на ЈСП избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот директор на ЈСП избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев, е избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот Централен комитет на партијата.

Јанушев беше споменат во бомбите на СДСМ за незаконско издавање лични карти.

За потпретседатели беа избрани ексминистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски.

На Централниот комитет не беа поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се потписници на отвореното писмо со кое јавно се критикуваше изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Г.Н.Р.