Изложба за новите модни трендови во Францускиот институт во Скопје

Изложба за новите модни трендови во Францускиот институт во Скопје

В среда, 6 декември 2017, во 18.30 часот во просториите на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена изложбата „Низ процесот на моделирање и изработка креации“, во организација на Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“.

Изложбата ќе го претстави работниот процес мулаж, преку моделите на студентите на Интернационален институт за мода, а истата претставува прв дел од модниот проект за оваа зима насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.

Изложбата ќе биде отворена во присуство на Изет Цури, директор на Интернационалниот институт за мода и стилист, и Доминик Брине, професорка по моделизам, а ќе трае до 25 јануари 2018 година. На отворањето, Ханифе Билали ќе направи презентација на тема за нови модните трендови, плод на нејзиниот престој во Париз, којшто беше поддржан од Францускиот институт во Скопје.