Изложба на карикатури во Ѓорче Петров по повод 73 години од ослободувањето на општината

Изложба на карикатури во Ѓорче Петров по повод 73 години од ослободувањето на општината

По повод 73 години од ослободувањето на Ѓорче Петров, од утре во 12 часот во Домот на културата во општината, „Остен“ ќе ја постави изложбата на карикатури создадени во рамките на проектот „Доза на сатира за здрава демократија”, кој е поддржан од Американската амбасада во Македонија.

Карикатурите се создадени на креативните работилници предводени од познатиот карикатурист Драган Поповски, на кои учествуваа ученици од СОТУ „Ѓорги Наумов“ и СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола и ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ од Скопје, ОУ „Наим Фрашери“ од Тетово и гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип.