Изложба на фотографи-аматери во Прилеп

Изложба на фотографи-аматери во Прилеп

Вечерва, во Домот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп се одржа Интернационалната изложба на млади фотографи – „Јанг фото вик“, проект кој во центарот на своето внимание ги става сите непризнаени аматери во фотографијата во организација Фото кино клубот од Прилеп

 

Преку овој проект фотографите ќе постигнат глобална промоција на својата работа, со изложувањето на своите слики во повеќе од 9 земји во светот. На изложбата беа претставени 50 фотографии.

 

„Интернационалната изложба на млади фотографи содржи дела од непознати фотографи во повеќе од 9 различни земји, како што се Бразил, Холандија, Србија, Македонија, Франција, Литванија, Хрватска, Косово и Бугарија. Проектот е воден од „Изван фокуса“ од Карловац, Хрватска, како и општата организација со партнери од повеќе земји. ‘Јанг фото вик’ се покажа како еден од најголемите настани за млади фотографи во Хрватска и во околниот регион. Ова е уникатен проект кој ги промовира туристичките потенцијали и убавини на Хрватска преку уметноста на фотографијата, а исто така ги информира и едуцира младите фотографи и ги запознава со хрватското природно и културно наследство. ‘Јанг фотов вик’ ги обезбедува младите со можност за признавање обука и конкуренција, како и хостинг на целосниот опсег на градот преку културни настани како што се концерти, филмски проекции и изложби“, рече  Анастасија Бошкоска, член на Фото кино клубот од Прилеп и организатор на изложбата.

 

Досега во оваа програма биле вклучени повеќе од 300 млади фотографи. Целта на проектот е да ги поттикне младите фотографи да се подобруваат во процесот на креирање на фотографии со цел максимално да се развие нивниот креативен потенцијал.

 

Оваа изложба претставува и повик до сите заинтересирани аматери во фотографијата да учествуваат и во 7. издание на „Јанг фото вик“.

крај/мф/ем